Во 14.10 часот полицијата во Тетово добила пријава од село Челопек, општина Брвеница.
Лице со огнено оружје убил двајца. Полицијата и брзата помош веднаш излегле на терен.
60 годинишно лице е осомничено за двојното убиство, а ранил уште едно лице. Сите се роднини на осомничениот, потврди полицијата.
Ранет е и осомничениот со иницијали, а полицијата се сомнева дека веројатно се повредил со неговото оружје.
Осомничениот е приведен.
Мотивите се уште не се познати, но од тоа што слушнавме од селаните, кавгата меѓу осомничениот и убиените почнала за паркинг место.
Министерот Оливер Спасовски, не даде детали, но потврди дека трагедијата се случила поради нерасчистени имотни прашања.
Полицијата се уште не го потврди идентитетот на починатите и на ранетиот.
На местото на настанот излезе и Обвинителството за да ја започне истрага за случајот, а ни рекоа дека со информации ќе излезат утре.
