Убиството на полицаецот од страна на малолетник во БИХ оценето како тероризам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството го окарактеризира како терористички акт нападот на полициската станица во Босанска Крупа, во кој еден полицаец беше убиен, а друг повреден.

Напаѓачот (15) синоќа влегол во полициска станица и со ладно оружје прво го нападнал Огњен Маран, кој веднаш им подлегнал на повредите. Потоа ја нападнал Авда Хасановиќ, која синоќа била оперирана и сега е надвор од животна опасност. Напаѓачот е уапсен.

Истражните дејствија што ги извршија кантоналниот обвинител и истражителот на Секторот за криминалистичка полиција траеја од 22:45 до 00:30 часот и се завршени.