14 годишник од седмо одделение во основно училиште во Србија утрово со пиштол застрела осум соученици и чувар на училиштето кој се обидел да ја спречи трагедијата. Наставничка по историја и други 6 ученици се повредени и хоспитализирани.
„Едно дете е застрелано во нога. Уште едно девојче исто така е повредена и јас мислам уште две други деца. Беше страшно. Јас бев долу. Ние имавме физичко. Јас го слушнав пукањето. Пукањето беше без прекини. Но не знаеш што се случува, подоцна разбрав преку порака. Некои деца ни се јавија и нам ни беше страв“, вели очевидец.
Трагедијата се случила утрово околу 8 часот. Родители сведочат за инцидентот, но и за првите контакти со нивните деца.
„Моето дете доживеа…Не можете да замислите што…Таа гледала како пука и како паѓаат. Таа додека бегала мислела дека детето со пиштолот трча по неа. Таа доживеала голем шок. Таа се уште е под адреналин“, вели родител.
Коста К. роден во 2009 година полицијата веднаш го уапсила во училишниот двор, тој е осомничен за убиство на вкупно 9 лица.
„Да, одевме во исто одделение, но од ова полугодие го променив одделението, но во првото бевме заедно. Тој беше тивок, беше одличен и фин. Но не знаев многу за него, бидејќи не беше отворен. Но никој не би очекувала дека ова можеше да се случи“, посочи соученик.
Шест ученици и наставничка се хоспитализирани со тешки повреди во долните екстремитети.
