Во вечерашната изборна дебата на ТВ21 гостуваат кандидатите за градоначалници за Општина Бутел, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ и Велимир Смиленски од СДСМ.
Со нив разговаравме и за најавеното училиште во Визбегово.
Имено, пред неколку дена жителите на Визбегово протестираа и истакнаа дека се разочарани од ветувањата на кандидатите бидејќи никој не ја спомнал изградбата на училиштето во Визбегово и регулирањето на превозот на учениците
На прашање на модераторот дали Костовски има во план да изгради училиште, тој ја отвори својата програма и покажа дел во кој стои дека еден од носечките проекти е изградбата на основно училиште во населеното место Визбегово.
„Уште некаде во период на месец јуни, како политичка партија направивме детална анкета и убава анализа согласно анкетата на територија на цел Бутел и граѓаните на Бутел на прво место го поставија како приоритет нивното училиште“, истакна Костовски.
Актуелниот градоначалник Смилевски посочи дека за две години ова училиште ќе стане реалност.
„Кој и да биде, што и да биде училиштето е реалност“, порача Смилевски.
