Угостителската комора со нови барања – да има жива музика и повеќе луѓе на една маса

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два дена пред Комисијата за заразни болести да заседава и да дискутира околу олеснителните мерки, Угостителската комора излезе со нови барања. Бараат укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од 4 лица и да има жива музика, со цел, како што истакнаа, и помалите објекти да можат да организираат настани.

Од комората велат дека не се задоволни од шестиот економски пакет, бидејќи, како што тврдат, не се опфатени сите угостителски објекти.

Угостителите бараат и локалите кои не поседуваат тераса да можат да работат. За тоа промовираа сертификати за безбедна зона, што значи дека кафулињата и рестораните кои имаат таков сертификат задолжително ќе мора во затворениот дел да имаат прочистувач на воздух.