Украинските пожарникари петти ден по ред се борат со шумскиот пожар кај Чернобил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинските пожарникари денеска, петти ден по ред, продолжија да се борат со шумските пожари во ненаселената зона кај Чернобил, која се уште е контаминирана со радијација од нуклеарна катастрофа која се случи пред повеќе од 30 години.

Властите го зголемија бројот на пожарникарите кои го гасат пожарот, ангажирани се 274 пожарникари, три хеликоптери и три авиони.

Државната служба за кризни ситуации во вторникот објави дека пожарникарите успеале да го намалат подрачјето зафатено со пожар во зоната од 25 на 10 хектари.

Сојузната служба денеска не објави нови податоци за површината која е зафатена со пожарот, а експерите стравуваат дека пожарот би можел да подигне радиоактивен пепел од тлото. Државната служба за кризни ситуации истакна дека можно е радијацијата да е во рамки на допуштеност.

Под истрага е 27 годишен жител од околината, и му се закануваат пет години затвор.

Тој се сомничи дека палел сува трева и ѓубре.