Уште 4 нови потврдени случаи денеска со коронавирус, а вкупниот број во Македонија достигна 35. Од 35 заразени, 24 се од Дебар и 11 од Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека 4 нови случаи се од Скопје, а состојбата на сите пациенти е стабилна.
Во текот на денешниот ден тестирани се уште 30 други лица од КОВИД-19, тие се од Дебар и околината, Скопје и Куманово. Филипче рече дека до сега се направени 400 тестирања за коронавирус.
Министерот Филипче информираше дека во текот на изминатата ноќ во Македонија пристигнал авион со патници од Брисел. Патниците се тестирале за коронавирус и резултатите се негативни, но ќе мораат да бидат во домашна изолација. Исто така во моментов околу 2 илјади лица се во самоизолација.
