После инцидентето во Велипоја во која беа убиени четири лица поради кавга за лежалки на плажа, ноќеска уште еден инцидент во областа Дримаде, јавува порталот „АБЦ Албанија“.
Ноќеска биле запалени 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат.
Инцидентот се случил еден час по полноќ и веднаш бил формиран истражен тим.
Постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопственици на барови на плажа, околу користењето на плажите.
