Успешно завршена втората трансплантација на срце, органите на Верица Белчовска нова надеж за десетина пациенти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тимот на Клиниката за кадиохирургија воден од д-р Сашко Јовев се поклони пред телото на 20 годишната Верица Белчовска од беровско Русиново- починат донор, по успешно завршената трансплантација на срце. Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишното момче Илија Стрезовски од Брвеница зачука ново, срцето на Белчовска.Таа е жртва на несовесен млад возач кој со своето возило избегал, а младата Верче како што сите ја знаат, не можела да ја добие битката, бидејќи имала ошететување на мозокот.

-Во текот на вчерашниот ден и покрај тоа што беа превземени сите мерки на лекување за жал не можеше да се спаси животот на младата пациентка Белчовска но, нејзиното смеејство и покрај тоа што беа во шок собраа храброст и се согласија да се донираат нејзините органи со што сакам да им изразам бескрајна благодарност-рече Филипче.

„Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа, бидејќи сакаме да спасиме животи. И нам доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет, затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејќи така ќе живее и нашата сестра- вели Мартин Белчовски, нејзиниот брат.

Ден полн со неизвесности и со недоумици но со среќен крај вели тимот кој цела ноќ беа низ болничките сали, со ова уште еднаш се испрати силна порака за подигање на свеста за трансплантација на органи.

-На младиот пациент кој што е 22 -годишен не му преостануваше многу живот и немавме други опции од оние што ги спомнуваме кај пациентите со срцева слабост-вели д-р Сашко Јовев.

-Се надевам дека пациентот ќе остане добар, дека нема д има проблеми како што е случај, еве веќе 5-6 часа тој се чувствува добро, комуницираме со него-рече д-р Жан Митрев.

-Се собравме за еден тежок пациент, покрај тоа што е млад, беше во тешка состојба, терминална срцева слабост. Се укажа прилика да се направи трансплантација, ги ставивме сите наши ресурси јас и дел од мојот тим, пристапивме кон оваа акција којна успешно се заврши.Пациентот е добар помина се во најдобар ред-вели д-р Маја Мојсовска.

Со помешани чувства на тага и среќа , таткото на Иле упати сочувство, но и голема благодараност до семејството Белчевски, бидејќи како што рече на Иле, со оваа интервенција му е продолжен животот .

-Да да разговаравме, не пуштија, тој добро се чувствува. Побарал леден чај. Од јануар наваму му е слабо срцето, само 14% му работеше. Баравме донор, фала му на Бога се најде-вели Цветко Стрезовски.

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите од Белчовска, на двајца пациенти кои беа на дијализа на Клиниката за урологија.

За првпат се изврши и пресадување од починат донор на коски и коскени ткива кај пациенти кои имаат метастази на делови од телото на Клиниката за ортопедски болести. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Првата беше направена со донирани срце и бубрези од Емилија Динева.