Уставен го демантира Мицкоски: Не е донесено решение за линеарното зголемување, допрва ќе се носи одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Од Уставниот суд информираат дека не е донесена конечна одлука за членот 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се зголемуваат пензиите, во јавноста познато како линеарно зголемување. Во соопштението се наведува дека на седницата одржана на 19 ноември со мнозинство гласови бил изразен сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот, а дека во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Во однос на прашањата дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2.500 денари бидејќи веќе ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите кои го регулира тоа прашање, поради фактот што беа од времен карактер и не се повеќе дел од правниот промет.