Утре екстремно топло, во петок пороен дожд, грмежи и засилен ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре времето ќе се задржи сончево и екстремно топло. Во попладневните и ноќните часови, како и во петок претпладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град.