Утрово два земјотреси во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рано утрово регистрирани се два умерени земјотреси со епицентар кај Петриња, соопшти хрватската сеизмолошка служба.

Првиот силен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер се случил во 04:55 часот.

Вториот, малку послаб земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала се случил во 05:19 часот, според извештајот на Сеизмолошката служба, пренесува агенцијата Хина.