„Ужасно чувство, цела куќа се тресеше“ – Силен земјотрес во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска, 13.08.2024 година, во осум часот и 43 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес на 17 километри северно од Крижевци.

Магнитудата на земјотресот била 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Се почувствуваl во поширокото подрачје на северна Хрватска.

ЕМСЦ известува дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри западно од Копривница и 69 километри североисточно од Загреб, на длабочина од 10 километри.

Исплашените жителите пак велат дека се осетило доста силно.

„Хорор“, „Доста силно“, „Многу се тресеше“, „Ужасно чувство, како да имаше гром и се тресеше цела куќа, траеше неколку секунди“, велат тие