Уредникот на РТСловенија, Вања Вардијан за ТВ21 го коментираше нон-пејперот, излезен наводно од Јанез Јанша во кој има прекројување на границите на земјите од Балканот.
Вардијан вели дека во Словенија тоа е топ тема, но Јанша се обидува да го заташка.
„Прво за актуелната состојба, после седум дена во Словенија е сеуште актуелна приказната за таканаречениот нон-пејпр, владата на Јанез Јанша се обидува некако тоа да го заташка, но никако не и успева. Еве денеска се јави министерот за надворешни работи Логар, кој рече дека на денешниот виртуелен состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија не станало збор за нон-пејперот и дури луто ги нападна словенечките новинари зошто воопшто околу тоа се распрашуваат и на тој начин некако и штетат и на Словенија и на Босна и Херцеговина“, коментираше Вардијан.
