Премиерката на Србија Ана Брнабиќ вечерва нагласи дека најверојатно Србија ќе може да се врати на нормалниот живот од месец јуни.
„Би рекла дека многу веројатно дека од месец јуни ќе можеме да се вратиме на нормалниот живот. Ме загрижува нискиот број на вакцинација кај младата популација. Тие го држат клучот за крај на оваа епидемија. Во петокот покренавме голема кампања за вакцинирање на младите со помош на фестивал во нашата земја. Некоја желба наша е на 21 јуни да ја отвориме конечно Србија. И минатото лето бевме оптимисти, па почна да расте бројот на заразени“, истакнала Брнабиќ на ТВ Пинк
Премиерката уште еднаш потсетила колку е важна вакцинацијата.
„Апелирам уште еднаш луѓето да се вакцинираат. Има вакцини, утре ни стигаат уште 100.000 Фајзер вакцини. Еве и да потсетам, до 31 мај кој се вакцинира може да се пријави за помош од 3000 динари“, додала Брнабиќ.
