Силниот ветер кој беше присутен во изминатите неколку дена во Скопје, предизвика штета во училиштето „Тихомир Милошевски“ во населбата Ѓорче Петров. Урнат е кровот, по што врнежите предизвикале и поплава внатре во училиштето. Ова го потврди и градоначалникот Александар Наумоски. Наставата е прекината од 5 до 7 февруари.
„Се превземаат сите мерки за санирање на штетата“, напиша градоначалникот Наумоски на „Фејсбук“.
