Вевчански карневал, традиција стара 1.400 години – дојдоа од Австралија и Шведска да уживаат во карневалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маските се чуваат во тајност до моментот на одржувањето на дефилето и никогаш не се повторуваат на следните карневали – ова е Карневалот во Вевчани, кој традиционално се одржува секоја година.

Градоначалникот на Вевчани нагласи дека никој не треба да сфаќа ништо лично од маските што се прикажуваат, бидејќи, според него, тие претставуваат драма и театар.

„Тоа е индивидуално, не треба да се зема лично и персонално … гледајте, ова е како филм. На пример, снимате филм за Втората светска војна, има нацисти, се гледа сè таму, ова е драма, сè што гледате е драма. На пример, не можете да го уапсите оној кој во филмот го убива Хитлер, исто е и овде. Театар на отворено“, вели Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани.

За следење на карневалот во Вевчани, не изостанаа ниту посетители од Шведска, па дури и од Австралија. Тие велат дека се воодушевени од настанот.

„Го побарав на YouTube и се заинтересирав, па дојдов од Австралија. Многу е убаво, нешто вакво никогаш порано не сум видел. Ме допадна овде, мислам дека луѓето треба да дојдат затоа што е магично место за посета. И јас го препорачувам“, вели турист од Австралија.

„Да, е уникатно и од природата е многу, многу старо. Мислам дека старите работи од Европа се од душата. И јас бев и минатата година овде и беше многу убаво, а моите спомени се прекрасни“, вели турист од Шведска.

Карневалот во Вевчани, со традиција стара околу 1.400 години, претставува спој на пагански обичаи, христијанска традиција и современа сатира, со значајна општествена и културна улога. Симболично означува премин од старата во новата година, потребата од чистење, обновување и нов почеток.