ВИДЕО ДРАМА НА НЕБОТО: Авион на познат шпански клуб морал принудно да слета, ненадејно дошло до дефект на моторот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерите на Кадиз испаднаа од Примера и следната сезона ќе играат во Сегунда.

По завршувањето на сезоната во шпанското првенство, експедицијата на овој клуб замина во Салвадор на еден натпревар.

Меѓутоа, тоа патување се претворило во вистински пекол, а авионот морал принудно да слета во Севиља поради ненадеен дефект на моторот по судир со птица.

За се што се случи, проговори претседателот на Кадиз, Мануел Вискаино.

  • Сите го почувствувавме тој дефект на моторот, но никој од нас не е пилот за да знае што точно се случува. Тоа беа моменти на неизвесност и страв. Веднаш по слетувањето, од компанијата задолжена за патот ни рекоа дека нема итно решение, што има смисла. Играчите беа во шок и секако беше невозможно да им се каже дека ќе патуваме. И покрај се, веќе размислуваме кога ќе патуваме за Ел Салвадор – изјави Вискаино.

Првотимецот на Кадиз, Конан Ледезма сними како изгледа дефектот.