ВИДЕО: Голем пожар изби во близина на аеродромот во Амстердам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска, голем пожар избувна во складиште за приколки во близина на аеродромот Схипхол во Амстердам. Според портпаролот на аеродромот, тој не влијаел на воздушниот сообраќај.

„Пожарот во моментов не влијае на воздушниот сообраќај и нема застои. Ја следиме ситуацијата. Доколку е потребно, ќе се префрлиме на друга писта“, изјави портпаролот, објави порталот Parool.nl.

Голем број пожарникари се на местото на настанот и се вклучени во гаснењето на пожарот, а магацинот за кампери се смета за целосно уништен.