ВИДЕО: Индија тестираше балистичка ракета која може да достигне до било кој дел на Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индиските власти објавија дека успешно извршиле тестирање на балистичката ракета со среден дострел „Агни-5“, која во иднина ќе може да носи нуклеарна боева глава и да погоди цели на територијата на Кина.

Тестирањето било извршено во средата во источната држава Одиша, а според официјалното соопштение, сите технички и оперативни параметри биле успешно потврдени, пренесува британскиот Гардијан.

„Агни-5“ е дел од серијата индиски балистички ракети со краток и среден дострел, развиени со цел да се зајакне националната безбедност и одбранбената способност на Индија – особено во контекст на геополитичките тензии со Пакистан и Кина.

Фото: Архива