Мистериозни трепкачки светлини на небото предизвикаа тревога низ цела Германија ноќеска.
Според германските власти, причината била ракета користена од американската вселенска компанија SpaceX, пренесе ДПА.
Германската вселенска команда, која е дел од военото воздухопловство на земјата, соопшти денес дека нема докази оти остатоци од ракетата паднале над територијата на Германија.
Über Deutschland ist heute Morgen Weltraumschrott verglüht. ☄ Laut Bundeswehr-Weltraumkommando war es der unkontrollierte Wiedereintritt eines Falcon-9-Raketenteils. 🚀 Trümmer flogen in 80–100 km Höhe.
📽 : Frank Cipcer, Uli Schreiner #Weltraum #Rakete #Falcon9 #WetterOnline pic.twitter.com/GaLwcKCfHf
— WetterOnline Schweiz (@WetterOnline_CH) February 19, 2025
Светлините се појавиле како резултат на повторното влегување на делови од ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX во Земјината атмосфера. Ова го појасни портпарол на командата и додаде дека ракетата била лансирана од САД на 1 февруари.
Набргу по полноќ, многу Германци се јавиле во полицијата за да пријават необични светлини на небото.
Првично биле регистрирани околу 120 повици.
Според германската вселенска команда, делот од ракетата што предизвикал тревога во текот на ноќта, влегол повторно во Земјината атмосфера некаде над Велика Британија или Северна Ирска.
Идентични непознати светлини биле забележани и на небото над Бугарија на 25 август 2024 година.
Првично светлините беа во облик на метеор, а малку подоцна се распрснаа на помали остатоци. Набљудувањето на светлините траеше неколку минути.
Слично на оние што поминаа над Германија, така и светлините што прелетале над Бугарија се покажале како изгреани остатоци од вселенски апарати во Земјината атмосфера. Нивната брзина била значително пониска од онаа на метеорите.
Кога остатоци од вселенски апарати ќе излезат од орбитата, започнува нивното паѓање во Земјината атмосфера. Тие навлегуваат со брзина од неколку илјади километри на час.
При овој процес се случува интеракција со атмосферата, при што остатоците се загреваат и започнуваат да горат. За набљудувачите од Земјата, тие изгледаат како метеори или „паѓачки ѕвезди“.
Во повеќето случаи, тие целосно изгоруваат пред да стигнат до Земјината површина. Ретко, при паѓањето, делови од остатоците преживуваат и предизвикуваат оштетувања.
