Два делфини биле снимени во вторникот во Големиот канал во Венеција.
Станува збор за возрасни делфини кои биле снимени недалеку од плоштадот Свети Марко.
Тие биле забележани во време на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.
Two dolphins are spotted swimming in the water of a Venice canal as the lagoon city enters its second week of shutdown pic.twitter.com/tocHw8Ze3Z
— Reuters (@Reuters) March 22, 2021
„Глетката на делфините како пливаат во каналот беше причина за радост во овие „мрачни времиња“, изјавија очевидци. Делфините биле снимени околу 8 часот наутро во близина на плоштадот Свети Марко, а според очевидците биле во каналот Giudecca до 15 часот.
Властите се обиделе да ги испратат делфините назад кон морето користејќи акустични уреди, но дали тие успеале во својата намера не е познато.
