ВИДЕО: Нови снимки од Бангкок – големи бранови во базен на врв на облакодер, неколку се излеаа по улиците!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес го погоди Мјанмар, а истиот предизвика огромни бранови во базените низ Бангкок.

Ова драматично видео го прикажува базенот на покривот на луксузен хотел и избезумените гости фатени во напад на паника.

Семејството, за кое се верува дека се корејски туристи, се засолнило во затворено со своето мало дете додека огромни бранови се удирале врз прозорците и над големата палуба на базенот.

На социјалните мрежи излегоа и видеа на кои може да се виде излевањето на вода низ улиците на градот од врвовите на облакодерите..

Да потсетиме, силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди централниот дел на Мјанмар, а беше почувствуван и во Тајланд, Лаос, Индија и Кина.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг на длабочина од десет километри.

Десет минути подоцна, Мјанмар го погоди уште еден земјотрес, но нешто поблаг, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Силни земјотреси се проширија на Тајланд и Јунан во југозападна Кина, а видеата на социјалните мрежи покажуваат оштетувања на зградите во Бангкок.