ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски официјално ја презема функцијата градоначалник на Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Букет свежо цвеќе денеска ѝ беше предаден на досегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, од нејзиниот наследник Орце Ѓорѓиевски.

Тие остварија кратка средба на која се изврши примопредавањето на функцијата – градоначалник на Град Скопје.

Претходно, Ѓорѓиевски од Градската изборна комисија во Скопје го доби официјалното уверение дека е избран за нов градоначалник на македонската метропола.

Со ова, Данела Арсовска го заврши својот четиригодишен мандат, на кој беше избрана во 2021 година.