ВИДЕО: Тешка автобуска несреќа во Индонезија, најмалку 16 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 16 лица загинаа кога патнички автобус се преврте на индонезискиот остров Јава, соопштија официјалните лица.

Возачот на автобусот во кој имало 34 патници, ја изгубил контролата на патот и удрил во бетонска ограда, пред да се преврти.

Автобусот патувал од Џакарта кон древниот кралскио град Јогјакарта кога се превртел пред влегувањето на излезната рампа на патарината Карпјак во градот Семеранг во Централна Јава.

Полициските екипи и спасувачите пристигнале на местото на настанот околу 40 минути по несреќата и ги пронашле телата на шест патници кои починале на самото место, а десет лица починале на пат кон болница или додека биле лекувани.

Исто така биле повредени и 18 лица кои биле пренесени во блиските болници, од кои пет се во критична состојба.

Очевидци сведочат дека автобусот се движел со голема брзина пред возачот да ја загуби контролата врз возилото.