Професорката Марија Пандевска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека на Гоце Делчев не му било важно дали неговите соработници се Бугари или од друга националност. „Гоце и кажува, ако самите не се дигнете и ослободите кој и да дојде после ќе ве пороби“, додава Пандевска.
„На Гоце не му било важно дали неговите соработници се Бугари или од друга националност“, вели Пандевска.
-Дали тие биле Бугари или од било која друга националност, него тоа не му било важно, додава таа.
Кога би можел Гоце Делчев и неговите соработници да „станат“, за нив би било апсурдно ова за кое ние денеска дебатираме.
-Премногу им ставаме работи и задачи од денешен период кои нивното време не ги барало, не ги признавало. Едноставно кога би можеле да станат би им било апсурдно за ова ние што зборуваме и расправаме сега, вели Пандевска.
Таа посочи како да се најде решение со соседна Бугарија за Гоце Делчев.
Според неа, win-win ситуацијата е најдобра, иако не е прифатена. „Во учебниците по историја во Бугарија да се претстави претставата за Гоце Делчев како Македонец, прото-национален Македонец“, вели Пандевска. Таа објасни и што е прото-националност.
-Тоа е Гоце, тоа е чувството, тоа се основните потреби. Тоа е чувството за Македонија како посебна татковина. Чувството за целовитоста нејзина, нејзината интеракција, поврзаност и нејзините политички потреби, рече Пандевска.
Како да се најде решение со Бугарија за Гоце Делчев? Одговара Пандевска.
Од сите писма излегувало дека за Гоце Делчев нема друга татковина освен Македонија резимираше таа.
