Виз-Ер ги откажа летовите од Скопје и Охрид до Тревизо и Милано до 3. април

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денешниот лет од Скопје до Тревизо од компанијата „Виз-Ер“, е откажан поради декретот од Владата на Италија со кој цела Ломбардија и други 14 северни провинции се ставени под карантин поради коронавирусот.

Во таа зона влегуваат и Милано и Венеција, градовите кои имаат редовни линии за Скопје.

Авио компанијата објави дека се суспнедирани сите летови кон Бергамо, Милано и Тревизо до 3. април. Исто така е објавено дека може да се очекуваат и други откажувања на летови за кои компанијата има продадено мал број карти.

Патниците чии летови се откажани, ќе бидат известени 14 дена пред закажанот лет и ќе им биде понудена алтернатива или враќање на парите за билетот.

Летовите од Скопје за Рим – Чампино не се откажани.