Владата ги разгледала сите 78 илјади приговори – Арсовски: Помошта од 6.000 денари ќе стигне до сите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата ги разгледала сите 78 илјади приговори од оние кои се пожалиле дека на своите сметки не ја добиле ветената сума. Сите ќе добијат одговор на е-маил адресата од која аплицирале, а се ажурираат и списоците на веб страницата “купувамдомашно.гов.мк”, велат од Влада.

За до крајот на годината парите да ги добијат сите на кои им следуваат, упатија повик до банките за толеранција кон граѓаните.

Владиниот портпарол Душко Арсовски е дециден дека помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизвика непријатностите.

Владата стори се помошта да стигне до оние за кое е наменета, а целта е никој да не биде изоставен.