Владата му одговори на Таравари: Ние сме дел од Нато и чекориме кон ЕУ“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на вчерашниот ден генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ја обвини Владата дека не воведе санкции кон Русија, како што направи ЕУ. Владата не сака да ги коментира изјавите на политичките партии, но сака да истакне дека земјава останува посветена на евроинтеграцискиот пат, рече денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа.

„Северна Македонија е членка на НАТО и оди понатаму, кон членството во ЕУ. Продолжуваме и со спроведување на реформите во земјата со цел еден ден да бидеме дел од европското семејство“, изјави Мухамед Џоха – портпарол на Владата на РСМ.