ВМРО-ДПМНЕ му одговори на О’Брајан: „Отсекогаш сме биле проевропска партија, нудиме решенија за граѓаните“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот помошник-државен секртар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан во неговото вчерашно обраќање од Скопје, упати јасна порака до граѓаните – дали ќе продолжат да поддржуваат партија со визија или партија која само ветува и не знае каква визија има. Ваквиот одговор на О’Брајан уследи по објавите на ТВ21 дека тој за време на неговата посета во Скопје ќе побара од албанските партии да не влегуваат во коалиција со партии кои нема да ветат дека во првите 6 месеци од следниот мандат ќе ги спроведат уставните измени.

-Мислам дека граѓаните на Северна Македонија треба да одлучат за патот понатаму. Мислам дека една партија предложи за патот за понатаму и сигурно има критики, бидејќи има некои луѓе кои го сакаат или не тој начин. Мислам дека една друга партија вети дека ќе најде начин аза патот понатаму, но сетам дека е искрено кон граѓаните, да ја прашаат таа партија да го стави пред себе нон пејперот објаснувајќи која е нивната визија а потоа да одлучите меѓу визијата што ја знаете и нешто што ви е ветено“, рече О’Брајан.

ВМРО-ДПМНЕ, партија која е против уставните измени, не се гледа себеси меѓу ваквите партии. Од таму додаваат дека тие отсекогаш биле проевропска партија.

Инаку, О’Брајан и во интервју за МИА, ги повтори ставовите дека сите лидери на политички партии треба отворено да покажат кои се нивните планови за иднината, со цел, секој граѓанин да може да донесе одлука.