И додека фокусот на јавноста е целосно насочен на состојбата со корона вирусот и препораките како граѓаните да се заштитат, политичките партии не престануваат да се препукуваат преку соопштенија и прес конференции. Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска излегоа со критики за тоа како се менаџира со актуелната состојба, а особено обвинувањата кон министерот Венко Филипче дека е профитер со набавките на респираторите.
Мицкоски во магазинот на ТВ21 Клик Плус истакна дека не се согласува со критики на оние кои успешно се справуваат со вирусот и дека не го критикувале министерот.
Од друга страна од владејачката СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и дезинформации. Време е да покажат одговорност и да престанат со лажни вести и создавање паника кај граѓаните.
Но и покрај ваквата вообичаена реторика на власта и опозицијата, и од двете страни сепак упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот.
