Во Аеродром во фонтаните ќе се садат цвеќиња оти скапо било одржувањето – градоначалникот пиши-бриши прави на Фејсбук

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скапо е одржувањето на фонтаната, па затоа ја претворивме во хортикултурно катче, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Но, ова не траеше долго. По големиот број на реакции од страна на граѓаните. Тој од истата објава го избриша делот каде што пишуваше дека тоа е напревено поради скапо одржување на фонтаната.

Па потоа, на истата објава, во истиот дел напиша дека тоа го барале граѓаните.