Во време кога во аптеките има недостиг од маските, а цените се за неколку пати покачени, семејството Иљази од Тетово почна да дизајнира и да им дели на граѓаните кои немаат можност да си купат. Крешнике Иљази, стилистка, вели дека идејата се родила спонтано и до сега од вчера шијат и подаруваат по 300 маски на ден поради големата побарувачка.
„На почеток решивме да подаруваме од 200 до 300 маски но гледате дека побарувачката е многу голема, и ние како семејство ќе се обидеме секој ден да подаруваме повеќе маски. Маските се изработени од памук со два слоја а имаат и еден џеб каде може да се стави марамче , суво или влажно за подобра заштита“, вели Крешник Иљази.
Ова семејство им се обрати на сите граѓани кои имаат потреба од маска во ова време на пандемија, да се обратат во нивниот дуќан во т.н. улица на бутици во Тетово. ТВ21 денсак праша во неколку аптеки за заштитни маски, во некои од нив немаше а во некои цената изнесуваше 45 или 50 денари. Ова е драстично зголемување на цената на мските кои во нормална ситуација чинат од 5 до 10 денари.
