Во Франција, 271 лице починало од коронавирус во последните 24 часа, објави Институтот за јавно здравје, пренесуваат француските медиуми.
Во таа земја, за 24 часа биле заразени 38.619 лица, а од почетокот на епидемијата, еден милион и 787.324 лица.
Во последните седум дена хоспитализирани се 19.940 лица, од кои 3.037 се во реанимација, објави радиото Франс Инфо.
Во Франција починале 40.439 луѓе од почетокот на епидемијата.
Министерката за здравство Оливија Веран вечерва изјави дека е рано да се процени влијанието на вториот карантин кај населението, кој беше воведен на 30 октомври, и треба да трае најмалку до 1 декември
Првиот карантин во Франција со 67 милиони жители беше воведен на 17 март среде првиот бран на епидемијата, а постепеното ублажување започна во првата половина на мај.
