Во Италија над 9.000 заразени – 463 починаа, 720 излечени – цела држава во карантин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Туристичките центри Миално и Рим кои обично се полни со посетители, сега се празни. Пред маркетите долги колони. Следните три недели, жителите ќе може да се движат надвор од нивните домови само со оправдување.

„Нема веќе да постои црвена зона, како зоните 1 и 2. Само ќе постои Италија како заштитена зона. Односно, сите жители треба да избегнуваат било каки активности, освен ако не се работи за итни работи“, истакна Џузепе Конте.

Големите случувања и собири на отворено се откажани. А рестораните и локалните по 18 часот целосно се затворија.

„Ова беше најдобро нешто што премиерот можеше да го направи, бидејќи луѓето не ги почитуваат правилата. Мораше да се донесе посилна одлука за да се спротиставиме на оваа ситуација“, посочува Силвана, жител на Италија.

„Да речеме дека сум послушен и дека се грижам. Гледам вести, ги почитувам владините препораки, но продолжувам да живеам најнормално што можам, но ги почитуван ограничувањата“, вели Џулиан Прето, шпански државјанин во Италија.

Во Босна и Херцеговина потврдени се пет случаеви со коронавирус.Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ вели дека од утре ќе биде стопирана наставата во сите училишта и факултети до крајот на овој месец.

Во Србија потврдени уште два случаеви, со што бројката се искачи на четири лица. Владата донесе одлука забрана за доаѓање на туристи од загрозените подрачја, односно Италија, Јужна Кореја, Кина, Швајцарија.

Во Хрватска нема прекин на наставата, но се одлагаат сите поголеми собири. Потврден е 14-тито случај во оваа земја, а 4737 лица се под здравствен надозр поради коронавирусот.