Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 406 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 28 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 166 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 406 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.
