Во лавина во одмаралиште во Русија можно е да се затрупани 12 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во одморалиште во рускиот регион Домбај, на Кавказ, лавина затрупала меѓу четири и 12 лица.

Лавината се урна врз скијачка патека и затрупа две приколки на местото за изнајмување скијачка опрема, а оштетено е и едно кафуле.

Регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации издаде итно предупредување за опасност од лавини во планините со височина над 2.000 метри.