Над 5 илјади деца на државно ниво се во листата за чекање за запишување во градинка. Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, вели дека треба да има повеќе градинки во земјата.
Директорката на градинката „Младост“ во Тетово, Фатлинда Јахја, вели дека на градско ниво, на листата за чекање се 270 деца.
„Бројот на деца што чекаат е 270 и бројот со договор од страна на градинката е три. Другите се преку проектот 17.“, рече Јахја.
Во Тетово е изградена нова градинка во близина на училиштето Кирил и Методи. Иако објектот е готов за пуштање во функција, поради објавувањето на изборите не може да се отвори бидејќи треба да се направат 30 вработувања.
