Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва зборуваше за унгарскиот заем, кој ќе биде поделен на општините за реализација на проекти.
Тој рече дека ако во минатото парите од власта се делеа на оние општини кои се од иста партија со владеачката структура, сега нема да биде така, односно парите ќе се делат по формула и секоја општина ќе го добие она што му следува за реализација на проектите.
