„Во моментов на коронавирус се тестираат осум лица“, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во моментов на коронавирус се тестираат осум лица. Ова го потврди министерот Венко Филипче на прес-конференцијата денеска во Владата во 16:30 часот.

„Уште една дополнителна информација, на тест на коронавирус се испитуваат 8 пациенти. Еден пациент со симптоми кои престојувал во Бугарија, и неговата сопруга.

Потоа еден патник од Сингапур, наш државјанин кој пред три дена се вратил во нашата земја, четири лица кои биле во контакт со семејството од Дебар, и еден пациент од Гевгелија. Кога ќе стигнат резултатите ќе се пуштат во една фаза, и ќе ја инфомираме јавноста“, рече министерот за здравство.