Во недела ќе почне имплементацијата на „Safe city“ – граѓаните на Кичево бараат безбедност во сообраќајот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камерите на системот Safe City се поставени само во три града: Скопје, Тетово и Куманово.

Што велат граѓаните на другите градови!? Некои граѓани на Кичево што ги анкетиравме сметаат дека и во нивниот град треба да се постават камери заради сообраќајната безбедност.

„Да, треба да има, за поголема безбедност треба да има камери.“

„Јас го поддржувам Safe City и треба да има и построги казни затоа што вакви безумства нема никаде. Возење на црвено светло, непочитување на пешаците и слично.“

„Да, треба да има секаде, сигурно секаде, се вози лошо особено на малите места.“

„И јас мислам исто.“

Изет Меџити од ВЛЕН истакна дека поставувањето на камерите само во три града не е дискриминација, туку дека во овие градови бројот на сообраќајни несреќи е поголем. Тој најави дека системот ќе се прошири на целата држава.

„Не може да се каже дека има етничка дискриминација, бидејќи ако ги земеме само Скопје и Куманово, тоа е половина од Македонија. Скопје има 600-700 илјади жители, Куманово е единствениот град со над 100 илјади жители, а во Тетово фреквенцијата е поголема, несреќите биле посериозни, затоа се почнува овде, но идејата е ова да се прошири на целата територија на Република Северна Македонија.“, вели Изет Меџити.

Имплементацијата на казните од Safe City започнува на 1 февруари, во недела, и првично ќе се санкционираат само четири прекршоци: неправилно паркирање, пребрзо возење, поминување на црвено и управување со возило со истечена регистрација.