Во потрага по наследникот на Тито – НСДП избира нов лидер, но колку кандидати ќе се тркаат?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По најавата на Тито Петковски за неговото заминување од политиката и партијата, Нова Социајал Демократска Партија на конгресот закажан за јуни ќе избира нов партиски лидер. Претседателот во заминување посочи дека како партија се успешни и оставиле белег во креирањето на политиките во државата.  

Централниот одбор ќе одлучи кој ќе биде кандидат за лидер на партијата, додека актуелниот претседател, сега во заминување не кажа кој од кандидатите преферира, но на Централниот одбор дојде придружуван од Кристијан Трајковски.

Еден од потенцијалните кандидати за лидер на партијата, Кристијан Трајковски рече дека и доколку се одлучи на конгресот да се оди само со еден кандидат, според статутот на партијата тој има право и на денот на одржување на конгресот повторно да се само кандидира.

Другиот кандидат, Горан Мисовски кој е и актуелен пратеник не даде изјава што се однесува до неговата кандидатура за партиски лидер. Тој, пред два дена во еден пост на неговиот профил на фејсбук информираше дека Извршниот Одбор на партијата го потврдил името на Мисовски како единствен кандидат за претседател, на што реагираше и Петковски . Инаку, НСДП во Собранието е дел од мнозинството и е застапена со двајца пратеници, Горан Мисовски и Соња Мираковска, а има и неколку советници во неколку општини , како и директори во Јавни претпријатија .