По 36 часа под урнатините, неговиот плач го спаси од под урнати. 1 годишниот Алу успеа да се спаси од силниот земјотрес кој ја погоди Турција во понеделник наутро.
Едно друго трогателно видео снимено од Сирија каде на едно мало момче по име Мухамед блокиран под урнатините му се дава вода во капаче од шише пред да биде извадено од под урнатините. Иако беше блокиран 45 минути, 2 годишниот Мухамед се смееше.
„Браво, браво Мухамед, за кратко ќе те извлечеме од таму, уште малку остана, издржи“.
Првите зборови на едно друго спасено девојче, беа дека и е многу ладно. Додека екипите се трудеа да ја смират, велејќи и дека се многу блиску да ја извадат од под урнатините.
„Многу ми е ладно тато. Ми пребледеа рацете. Многу ми е ладно. Сакам да си одам дома, сакам да одам кај баба ми“.
Полно со надеж е видеото од неколку месечно бебе кое е извлечено живо и здраво од под урнатините.
ВО Турција и Сирија продолжува потрагата по преживеани од катастрофалниот земјотрес. Трагичниот биланс на жртви во Турција и Сирија се искачи на над 10 илјади. Според информациите Сирија регистрирала близу 3000 жртви а над 5000 се повредени..
Бројот на жртви се очекува да расте а спасувачките екипи се во трка со времето за да најдат други преживеани под урнатините.
Претседателот, Реџеп Таип Ердоган го посети регионот Кахраманмараш, најпогоден од земјотресот. Оттаму вети дека за една година ќе ги изградат сите уништени згради во погодените региони, соопшти и дека неколку хотели во областа Мерсин и Анталија вклучително и кругот на Аланија ги отвориле своите врати за погодените од земјотресот.
„Нашите граѓани не треба да се грижат. Ние никогаш нема да дозволиме тие да останат без кров над главата. Затоа сакам да соопштам моментално со хотелите во Анталија, Аланија и Мерсин остваривме средби. Доколку некој од вас сака да се смести во овие хотели, ние сме подготвени да ги сместиме таму“, вели Реџеп Таип Ердоган.
Според податоците на Агенцијата за менаџирање со непогоди, поставени се повеќе од вкупно 50.000 шатори за преживеаните
На терен се испратени и илјадници булдожери, трактори и багери. Земјотресите со магнитуда од 7.7 и 7.6 степени чиј епицентар беше во провинцијата Кахраманмараш погоди 10 региони со над 13 милиони жители.
