Во пресрет на Фитр Бајрам – граѓаните се жалат на високи цени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Тетово денес е пазарен ден, а воедно и ден пред Бајрам.

Според граѓаните што ги сретнавме, цените се високи.

Сметаат дека поскапувањето дошло пред празникот, но и како последица на зголемувањето на цената на нафтата.

Поради тоа, велат дека купуваат само основни работи, без луксуз!

„Поскапувањето е толку големо што народот нема пари ни за јадење дома, ова веќе не е за живеење.

Јас мислам дека ќе растат, цената на нафтата е висока, па и другите цени ќе се зголемат, тие работи веќе се покачени од порано, тоа го знаеме.

Цените се катастрофа, сè е скапо и немаш што да направиш.

Мислиш ли дека ги зголемиле пред Бајрам или поради цената на нафтата?

Мислам дека и пред Бајрам ги зголемиле, и поради нафтата, и навистина се многу високи. Еве, купив само некои основни работи, бидејќи немам со што повеќе.

Продавачите велат дека цените не претрпеле големи промени. Ни кажаа дека се продаваат и ореви за правење баклава, но има и такви што купуваат готова баклава“, велат граѓани.

-Има граѓани што купуваат, и производи што сами ги подготвуваат. Дали има зголемување на цените? Не, не. Како лани, така и годинава се, вели продавач.

Во услови кога цените се значително зголемени, во Тетово не изостанаа ниту хуманитарните активности. Општината, заедно со невладини организации, подели пакети за децата во градинките, додека многу приватни бизниси донираа облека или прехранбени производи за оние на кои им се најпотребни.