Кризниот штаб за борба со коронавирусот на Белата куќа, граѓански здруженија на Афроамериканци, бизнис лидери и претставници од Универзитет Мериленд денеска имаат видеоконференција на интересна тема – отварање клиники за вакцинација во американските берберници и фризерски салони.
Преседанот веќе е направен – во Мериленд неодамна започна да работи првата бербернициа во САД каде се нудат и вакцини против коронавирусот. Проектот е насочен пред сѐ кон сиромашниот слој на граѓани од малцинските групи, и создавање локални точки за вакцинација, наспроти местата каде тоа се прави масовно.
Според експерти од универзитетот, ова се карактеристични точки за средба на локално и лично ниво, места каде луѓето се познаваат и се доверуваат еден на друг. Промоторите на идејата од организацијата наречена Поборници за достапно здравство и истражувања (ХЕИР), сметаат дека со вакцинацијата по фризерските салони ќе натераат поширок круг на луѓе кои се изјасниле против тоа, па и оние најтврдокорните. И тоа се прави преку разни примамливи понуди.
Така на пример, берберницата „Шоп спа“ во Хајатствил, Мериленд, нуди бесплатен сендвич со пржена риба и купон од 30 долари за стрижење и бричење ако муштеријата одлучи да се вакцинира во оваа берберница. Според локалните весници идејата е широко прифатена од многума граѓани.
Администрацијата на Бајден има за цел до 4 јули, најзначајниот државен прзник во САД, да се вакцинираат барем 70 отсто од возрасните Американци. И тоа се прави на секако можен начин.
Истражувањата покажуваат дека голем број припандици од малцинските групи, дали поради незнаење или други предрасуди, одбиваат да ја примат вакцината и не се пријавуваат на официјаните веб страни каде секој може да за запише и да оди на место за масовна вакцинација.
