Во среда почува новата учебната година а учениците се враќаат во училишните клупи со физичко присуство.
Министерката за образование, Мила Царовска, вели дека анти ковид протоколите се подготвени и дека нема да има ниту одложување, ниту промена на моделот.
„Јас во континуитет имам средби со сите директори. Основните завршија во средата, четвртокот и петокот. Денеска се договорени сите средни, не само скопските средни училишта и ќе има дискусија по однос на стартот на учебната година, но по однос на менување на моделот, нема таква дискусија, заради тоа што од локалниот координативен штаб од Тетово пристигна барањето за две недели применување на онлајн настава при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не. Комисијата за заразни болести утврди дека тие може да одат со онлајн настава само поради преоптовареност на болницата, но не и поради други параметри. Денеска нема да се дискутира за промена на моделот на следење настава, туку за почетокот на учебната година“, посочи Царовска.
