Во светот заразени над 174 милиони лица, САД донира 500 милиони вакцини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според најновите податоци, во светот како последица од коронавирусот починаа 3,764,250 лица, додека заразени се повеќе од 174 милиони, пренесува „Франс Прес“.

Бројот заразени не е реален бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

За да се спречи ширењето на короанвирусот во земјите со најнизок приход во светот, САД ќе донира 500 милиони вакцини од компанијата „Фајзер“. Тие ќе бидат наменети за 100 земји, и САД нема да бара ништо за возврат.

САД на „Фајзер“ ќе плати 3,5 милијарди долари за вакцините, а договорот ќе биде финализиран следната седмица.