Во Тајланд пронајден древен скелет од редок вид кит (ФОТО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Укината забраната за тешки моторни возила за „Стража“

АМСМ соопшти дека од 15:50 часот е укината забраната за движење на тешки возила на превојот „Стража“. Беше воведена...

Во населено место со 120 километри на час! Секоја недела по една сообраќајка на „улицата на смртта“ во Тетово

Секоја недела по една сообраќајна несреќа. Ова е црната статистика за 2020 година на улицата „Видое Смилевски Бато“ или...

ДСЗИ постапува според надлежностите во врска со случајот со д-р Асани

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот...

Случај „ТНТ“: Одбраната бара изземање на обвинителот Бурим Рустеми

Одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, на денешното рочиште побара...

Дали Заев мисли да го смени Касами со Гаши? Зејди ја кажа желбата на СДСМ, Хоџа не се плаши од ваквите информации

СДСМ сака да ја земе Алтернативата во Владата и да ја отстрани Беса, изјави во Клик Плус, генералниот секретар...

Во Тајланд е пронајден речиси совршено зачуван скелет од редок вид кит, за кој научниците проценуваат дека е стар меѓу 3.000 и 5.000 години.

Скелетот е пронајден на почетокот на ноември, на 12 километри западно од Бангкок. Долг е 12 метри. Научниците веруваат дека станува збор за скелет на кит од реткиот вид брајд.

Тие се надеваат дека ова откритие ќе помогне да се разјасни биолошката разновидност и палеобиолошко-геолошките услови за времето од кое потекнува скелетот, како и сличностите и разликите со брајдовите китови кои постојат денес. Проф. Маркус Чуа од Националниот универзитет во Сингапур за Би-Би-Си изјави дека делумно фосилизираните скелети се вистинска  реткост.

– Во Азија се пронајдени само неколку фосилизирани скелети на китови, а уште помалку – во така добро сочувана состојба, нагласи тој. Фотографиите споделени од тајландскиот министер за животна средина покажуваат дека коските на китот се речиси недопрени.