Во тек лидерска средба кај Пендаровски за датум за предвремени парламентарни избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во тек е лидерската средба за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19.

Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.

На средбата се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

Пристигнаа лидерите – во тек средба кај Пендаровски за датум за предвремени парламентарни избори

Пристигнаа лидерите – во тек средба кај Пендаровски за датум за предвремени парламентарни избори

Gepostet von TV21 am Dienstag, 12. Mai 2020