Виетнамските власти ги затворија аеродромите, ги прекинаа часовите и евакуираа околу 30.000 луѓе поради тајфунот Каџики.
Тајфунот има ветрови до 166 километри на час и се наоѓа на околу 110 километри од северниот дел на централниот брег на Виетнам и се очекува да стигне до копното денес попладне, соопшти Виетнамската метеоролошка агенција, според Ројтерс.
„Ова е исклучително опасен тајфун“, се вели во владиното соопштение, во кое се предупредува за обилни врнежи од дожд, поплави и лизгање на земјиштето.
